среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 152
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Арнаудов: Предвремени парламентарни избори ќе има, граѓаните живеат се потешко, а власта не знае да се справи со кризата

Арнаудов: Предвремени парламентарни избори ќе има, граѓаните живеат се потешко, а власта не знае да се справи со кризата

Предвремени парламентарни избори ќе има. Вака како што се движи Македонија, граѓаните се потешко живеат, а власта не подготви терен да може да се одбрани од кризата, нашата инфлација е најголема во регионот, задолжувањето дојде до 70% од БДП, изјави поранешниот пратеник, Ламбе Арнаудов за „Само интервју“ на Канал 5.

Тој истакна дека СДСМ заедно со владата на Ковачевски се 5 години на власт, а немаат ниту една капитална инвестиција, додека парите ги трошат на тендери и поткуп, а во меѓувреме ја задолжуваат премногу државата под услови за кои кредитите ќе се враќаа двојно.

-Пет години се на власт, потрошија 22 до 25 милијарди евра буџетски средства, освен за поткупување на гласачи и тендери, кажете ми една капитална инвестиција да ја видиме? Сега ќе се задолжат од 900 милиони плус еврообврзница, нема држава во светот која се задолжува толку од својот БДП и ако ја ставиме инфлацијата дополнително ќе се отежни враќањето, на парите или ќе се зголеми каматата и за секој кредит ќе враќаме два кредити, нагласи Арнаудов.

Тој посочи дека сите катаклизми во било кој поглед, социјални, економски, политички се случуваат во време на владеење на СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ во глобална светска криза направи инфраструктура, градеше, донесе инвестиции, се отворија илјадници работни места и покажа како треба да се работи.

Во врска со протестот на ВМРО-ДПМНЕ тој истакна дека бидејќи власта не ја прифати подадената рака ќе се соочи со масовен собир на 18 јуни.

Коронавирус