четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 131
home Вести

АРМ е на самото дно: Извештајот на „Global Firepower“ ги торпедираше лажните успеси на Шекеринска

АРМ е на самото дно: Извештајот на „Global Firepower“ ги торпедираше лажните успеси на Шекеринска

Да си долги години во политиката, а да не постигнеш ниту еден значителен успех, туку напротив, да доживуваш само падови. Ова без сомнение го може само министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, покажува последниот извештај на „Global Firepower“.

Бевме сведоци на нејзини големи скандали, од незаконски доделени чинови на штотуку примени војници, јавни набавки за колачи и вафли од висина од 3,5 милиони денари, фотографирање со Фатмир Дехари пред знамето и знакот на УЧК, скандалот со киријата поврзана со Дајнерс (раководител е нејзиниот сопруг), испраќање во НАТО неподобни претставници, злоупотреба на униформирани лица во партиска пропаганда до одвојување еден милион евра за кампањата за референдумот итн.

Мало потсетување на потегот со кој ги погази македонските бранители кои го дадоа свoјот живот во воениот конфликт во 2001 година за Република Македонија

 

Е сега, имаме најнов „успех“ на нашата Министерка – 133 место од 139 држави во светот, значи доживеавме пад во однос на минатата година и сега се наоѓаме во „успешните“ последни 10 армии, или подобро кажано, нашата армија е една од 10-те најлоши армии во светот.

Индексот за „Global firepower“(статистичка веб страница) ги рангира армиите на 139 земји годишно. Излегоа и резултатите за 2021 година, кои се засновани според многу фактори поврзани со одбранбена воена кампања или продолжена офанзива.

На чело со Шеќеринска, можеме да кажеме дека дури и малку сме имале и среќа што не сме на 139 место од можни 139 места.

Ова се најмоќните 5 армии во светот

А ова се последните 10 армии во светот каде што неславно се ноаѓа и Република Македонија

ЕУРО 2020

Македонија