четврток, 5. август 2021. Вести денес: 149
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Арифи контра Мерко: Дивоградби има низ целата држава

Арифи контра Мерко: Дивоградби има низ целата држава

„ДУИ не е партија на трикови, затоа што да беше така немаше да биде дел од целите овие процеси“, вели градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, за емисијата „Утрински брифинг“.

Според неа, тие се голема партија со голем удел во централната власт, но исто и во локалната, каде проблемите со зелената агенда се поголеми.

Во однос на изјавата на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко дека во неговата општина нема дивоградби, Арифи вели дека низ целата држава постојат такви објекти и тоа е голем проблем.

„Дивоградби има во цела држава, затоа има Закон за легализација. Кога не би ги имале сигурно не би имало потреба од носење на такот закон. Такви проблеми има во цела држава, како и во Тетово“, потенцира Арифи и посочува дека сериозен проблем за општините е долгата бирократска процедура до носење на ДУП.

Коронавирус