петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 0
home Вести

Арбен Таравари е новиот потпретседател на Алијанса за Албанците

Арбен Таравари е новиот потпретседател на Алијанса за Албанците

Арбен Таравари избран за потпретседател на Алијанса за Албанците на вчерашниот состанок на претседателството на партијата, по Вториот конгрес и по седницата на Собранието.

Како што наведуваат од партијата, со новите промени во партиската организација Алијансата за Албанците ќе има само еден потпретседател, а членовите на Претседателството едногласно одлучија за потпретседател да биде избран Арбен Таравари и наведуваат дека останатите партиски тела ќе се избираат на следните седници на претседателството.

На вчерашниот состанок на Алијанса за Албанците одлучено е конкурсот за кандидати за претседатели на ограноците на АА да биде објавен од 16 до 23 мај.

– Го охрабруваме секој кој верува дека ги има соодветните вештини и визија да ги води локалните ограноци на АА, да се пријави и да стане дел од натпреварот, рече претседателот на АА, Зиадин Села во пресс конференцијата по состанокот.

Коронавирус