петок, 4. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Апостолоски: Три години СДСМ и Заев на власт, три години Ѓорче Петров заборавена општина

Апостолоски: Три години СДСМ и Заев на власт, три години Ѓорче Петров заборавена општина

Три години СДСМ и Зоран Заев на власт, три години Ѓорче Петров заборавена општина, ова денеска преку изјава за медиуми го истакна Данијел Апостолоски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров.

-За владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, Ѓорче Петров изминатите три години како да не постоеше. Централната власт не отпочна ниту пак заврши ниту еден проект, а ветуваше многу. Неспособноста оди до таа мера што и оставените проекти од страна на претходната влада на ВМРО – ДПМНЕ не ги ни започна, а камо ли да ги заврши. Ѓорче Петров три години стагнира и стои во место. Нема ништо од најавените две нови градинки, Клиничкиот центар во Волково може да се види преку со розевите очила на Заев, нема изградено ниту еден спортски објект, гасификацијата остана само на букви во нивните програми. Нема ништо ниту од надградбата на капацитетите во ОУ „Димитар Беровски“ во Хром и „Тихомир Милошевски“ во Волково. Нема никакви активности и за поврзувањето на населба „Даме Груев“ со бул. „Илинден“. Фекалната канализација во Волково и асфалтирањето на 33-те улици, проект кој го остави ВМРО–ДПМНЕ, три години не можат да го завршат поради нивната неспособност и неангажираност. Зоран Заев и СДСМ три години немаат вложено ниту еден денар од буџетот на Република Македонија во општина Ѓорче Петров. Образованието, здравството, културата, спортот, инфраструктурата се оставени да стагнираат и да се распаѓаат додека функционерите на СДСМ и Зоран Заев безкрупулозно го ограбуваат народот, вели Апостолски.

Тој додава дека граѓаните на Ѓорче Петров ги прочитаа овие луѓе и на 12-ти април убедливо ќе ги поразат исто како на претседателските избори. Ѓорче повторно ќе стане општина во која владата ќе вложува во изградба на градинки, спортски терени, училишта, патишта. Ѓорчепетровци ќе изберат обнова на Ѓорче и обнова на Република Македонија.

Најнови вести

Коронавирус