недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Апостолоски: Наумоски го користи последниот буџет во неговиот мандат за злоупотреба на народни пари и ситуирање партиски војници

Апостолоски: Наумоски го користи последниот буџет во неговиот мандат за злоупотреба на народни пари и ситуирање партиски војници

На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров, повторно се докажа дека Александар Наумоски и Советничката група на СДСМ во Ѓорче Петров, одработуваат единствено за партиски цели и ситуирање на партиски војници, а не во корист на жителите на Ѓорче Петров, истакна Данијел Апостолоски, советник во Советот на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

-На денешната седница се гласаше за буџетот на општина Ѓорче Петров за 2021 година, кој повторно се покажа како неразвоен и недомаќински и токму поради тоа Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против.  Гласавме против бидејќи 3 години дававме поддршка на буџетот со надеж дека ќе се реализираат проекти за доброто на граѓаните на Ѓорче Петров, но ништо од ветеното не се реализираше. ВМРО-ДПМНЕ гласаше против буџетот кој е последен во мандатот на Наумовски и СДСМ, бидејќи во него не само што нема ниту еден развоен проект од корист на граѓаните, туку има 200.000 евра за партиски вработувања, 400.000 евра за партиски агенции за обезбедување и 30.000 евра за јадење и пиење на Наумоски, рече тој.

Советникот порача: „Ѓорчепетровци не заслужија ваков третман од локалната власт, бидејќи Ѓорче Петров треба да прерасне во една модерна и развиена општина, општина во која граѓаните ќе имаат силно здравство, нови спортски објекти за младите, квалитетна инфраструктура и уште многу работи кои на ѓорчепетровци ќе им го олеснат секојдневното функционирање и живеење„. 

-ВМРО-ДПМНЕ оцени дека ова е буџет во кој главна цел на Александар Наумоски и СДСМ е да се крадат народните пари и богатење на Наумоски и блиските соработници. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров не ги поддржа ваквите политики на Наумоски и гласаше против овој срамен буџет, заклучи тој.

Коронавирус