недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 32
home Вести

Апостолоски: Изминаа 100 дена откако Наумоски седна во фотелјата, а нема реализирано ниту еден проект во општината Ѓорче Петров

Апостолоски: Изминаа 100 дена откако Наумоски седна во фотелјата, а нема реализирано ниту еден проект во општината Ѓорче Петров

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски е синоним за лаги, неспособност и неработење. Изминаа 100 дена откако седна во фотелјата, а нема реализирано ниту еден проект. Од 100 дена владеење со општината, со недели ја раководеше од трибините на европското првенство во ракомет и ништо повеќе. Ветуваше живот и чиста општина, а од животот ни Ж не дојде. Низ целата општина никнаа десетици помали диви депонии, а и постоечките контејнери не се чистат, истакна Данијел Апостолоски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната прес-конференција.

-Наумоски пред изборите ветуваше проекти кои ни тој самиот не беше убеден дека ќе ги реализира. Еве поминаа 100 дена, нема започнато ниту еден нов проект од неговата програма или пак било каков друг проект кој ќе го подобри животот на граѓаните. Во непосреден контакт со граѓаните Александар Наумовски вети дека веднаш по доаѓањето на власт ќе отпочне да гради градинка во Волково, но за жал останаа само ветувања. Се пофали со нова полициска станица, но истата беше отпочната и поголемиот дел од проектот беше завршен во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Наумовски таму замина само да се пофали со станицата за која граѓаните знаат кој ја реализираше, рече Апостолоски и додаде:

„Тој вети дека ќе реконструира улици, а единствено општината во моментов ја реализира улицата „Алексо Демниевски“, која се реализира благодарение на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните од Ново Село секојдневно се жалат за улиците кои требало да им ги истампонира градоначалникот Наумоски. Им ветил тампонирани улици, а всушност само им ја истампонирал калта. Наместо стручен кадар низ образовните институции и администрацијата, Наумовски донесе партиски војници кои преку своите партиски заслуги ги вработи во општинската администрација. Оние кои што работеа со години претходно беа избркани на улица“.

Очигледно, додава тој, Александар Наумоски и неговата администрација се безидејни и немаат намера да сработат ништо за граѓаните.

-За жал граѓаните на Ѓорче Петров изгласаа човек кој се расфрлаше со ветувања и проекти, а не работи ништо. Нема ниту да сработи. Следат години каде што општината ќе стагнира со развојот во секој сегмент, и ќе тргне во обратна насока.

Најнови вести

Коронавирус