понеделник, 10. декември 2018. Вести денес: 128
home Вести

Апостоли кои ги славиме денес: Го посеаја семето на евангелската проповед, па ги затворија и мачеа

Апостоли кои ги славиме денес: Го посеаја семето на евангелската проповед, па ги затворија и мачеа

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 aприл.

Денеска е Св. апостоли Јасон и Сосипатар.

Свети Јасон потекнувал од Тарс, родниот град на апостол Павле кој се наоѓал на долниот дел од Мала Азија. Сосипатар пак, од Ахаја. Нив Павле ги спомнува во Посланието до Римјаните. Јасон бил епископ во Тарс, а Сосипатар во Иконија, во малоазиската област Ликаонија.

Заедничката судбина ги носи на островот Керкира (денес Крф), каде што го посеале семето на евангелската проповед. Заради тоа два пати биле затворани, дури и мачени, но од затворот и двата пати излегуваат неповредени, а нивното лично сведочење станува столб од светлина на островот Керкира.

Подоцна, тие се разделиле и се вратиле во местата каде биле поставени за епископи. Таму и го завршиле животот во длабока старост.