четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Аплауз за Венко: Среде Скопје журка, ечи „жена од султана“- Спасовски и Филипче спијат (ВИДЕО)

Аплауз за Венко: Среде Скопје журка, ечи „жена од султана“- Спасовски и Филипче спијат (ВИДЕО)

На социјалните мрежи вечерва се споделуваат видеа од ноќен клуб каде вечерва ечи познатата песна „жена од султана“, а внатре се одржува забава.

На видеото се гледа како во еден глас присутната младина ја пее песната и се забавува без почитување на мерките за кои се залага Комисијата за заразни болести веќе со месеци како и министерот Венко Филипче.

Сепак јавноста коментира дека неспособноста на Филипче и Спасовски се покажува на дело овој викенд кога имаме над 1.100 новозаразени.

И додека Спасовски не спроведува акции, Филипче продава фејсбук апели за заштита од коронавирусот, граѓаните очигледно ниту имаат намера да послушаат некој, ниту има кој да ги спречи во забавувањето…

Инаку за потсетување повеќе од милион Словаци денеска беа тестирани за коронавирус, како дел од огромната логистичка операција за тестирање на поголемиот дел од населението за време на викендот, во обид да се стави под контрола вирусот.

Повеќе од 40.000 лекари, војници, полицајци, административни работници и волонтери вршат тестови на околу 5000 локации.

Најнови вести

Коронавирус