четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 172
home Вести

Апелационите судии 20 дена чекале мислење за жалбата на Чавков од Вишото јавно обвинителство

Апелационите судии 20 дена чекале мислење за жалбата на Чавков од Вишото јавно обвинителство

И по трет пат обвинителството бара да му се продолжи притворот на екс-министерот за внатрешни работи Митко Чавков во врска со настаните на 27ми април. На денешната расправа за жалбата на одбраната на Чавков и барањето да се укине притворот, пред тричлениот совет на Апелација, обвинителката со само неколку реченици нотираше дека жалбата била неоснована, дека постои опасност делото да биде повторено, дека Чавков може да влијае врз сведоци, јавува Алфа телевизија.

Адвокатот на Чавков, Сашко Дуковски укажа на неколку како што рече сериозни пропусти во постапката. Жалбата била уредно доставена на 30ти јануари, а расправата е дури денеска, на само 6 дена пред истекот на деведесетиот ден како екс-министерот е зад решетки.

Понатаму, Дуковски им укажа на судиите дека двете досега решенија за продолжување на притворот се буквално идентично напишани, а разликата е само во една реченица и цитат на извесен член од законот. „Ова е недозволиво“, реагираше Дуковски.

Според него  наводите во одлуките за притвор се неиздржани и неточни. Како на пример дека трае уште сослушувањето на обвинети и вештачење на телефонски листинзи, за што Дуковски тврди дека се целосно завршени. Пред членовите од советот неколку пати нагласи дека сите недостатоци заедно со уште други повреди на целата постапка ќе бидат уредно испраќани пред судот за човекови права во Стразбур.

Чавков истакна дека целиот процес е пристрасен, оти во решенијата за продолжување на притворот нема образложувања конкретни, само општи цитати на кривични дела. Рече дека нередите на 27ми биле разрешени благодарение на неговите команди, и праша како е можно кај обвинет  за тероризам при претрес на домот да не се најдат експлозиви и друго оружје, ами само пиштол што го поседувал по службена должност?

Расправата ја слушаше целото семејство на Чавков, кои додека чекаа да почне, на неколку метри одалеченост разменија по неколку зборови со него.

Денеска пред Апелација бараше укинување на притворот уште еден осомничен за собраниските настани Јане Ченто.

Вчера ова го побара и режисерот Борис Дамовски, реагирајќи дека затворските услови се ужасни, и оти неосновано го држат во Шутка.

Најнови вести

Коронавирус