среда, 8. декември 2021. Вести денес: 109
home Вести

Апелација попушти, другиот дел од Кацарска судството продолжува со судењата

Апелација попушти, другиот дел од Кацарска судството продолжува со судењата

Дали Кацарска судството конечно ја сфати сериозноста на коронавирусот и потребата од прекин на судењата поради здравјето на луѓето во Македонија?

Денеска, поведени од небулозата на работа во вонредна состојба, прва непослушност кон наредбодавците од ек Бихаќка покажа Апелација. Од таму најавија дека е донесена одлука дека се одлагаат јавните седници и расправи пред Апелациониот суд Скопје, кои се закажани во периодот од 30 март до 30 април 2020 година.

Во штурото соопштение на Апелационен суд Скопје, се вели и дека странките и јавноста дополнителнно ќе бидат известени за денот на одржување на одложените седници и расправи.

Ќе повлечат ли од Апелација нога за освестување и на останатите судови?

Факт е дека другите делови од популарно нареченото Кацарска судство, познати како бастиони на интересите на власта, се уште не попуштаат.

Остануваат ли Основен и Кривичен суд доследни на барањата на партијата на власт, ризикувајќи го здравјето на службениците во судот, адвокатите, сведоците, обвинетите, судиите и обвинителите? Работатат е покомплексна што со ова се става во ризик и здавјето на нивните семејства и блиските.

Во јавноста кружи информација, која се уште е на ниво на шпекулација, дека имаме и судија заболен од коронавирус. На прес-конференциите за ова новинарите го прашаа и министерот за здравство, Венко Филипче, но тој постојано дава негативен, иако малку и неопределен одговор на ова прашање. Шпекулација или не, веста е алармантна, но од друга страна и многу реална со оглед на ситуацијата и распространетоста на КОВИД-19 во Македонија. Факт е дека судиите и оние во судницата не се надлуѓе и уште помалку отпрони на коронавирус.

Но судовите најбитни за пропагандата на СДСМ, кои се под најголемо влијание на т.н. Кацарска судство во склоп со  Рускоска обвинителството, очигледно и натаму не попуштаат поради притисокот на власта и потребата да дадат свој придонес во кампањата на екс Бихаќка, која и онака нема на што друго да се темели, освен на наводни криминални реминисценции за претходната власт. Избори, кога и да бидат, ќе има.

Непопуштајќи на реалната потреба за прекин на судењата во вонредна состојба и полицикси час во државата, Кацарска судството ризикува судниците и судовите да станат извор на зараза. Логичното прашање кое постојано се поставува е кој ќе је преземе одговорноста доколку се случи непосакуваното и судот стане извор на коронавирус во Македонија?

Најнови вести

Коронавирус