сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 84
home Вести

Апелација ќе објави дел од одлуките за притворените од 27 април

Апелација ќе објави дел од одлуките за притворените од 27 април

Во текот на денот се очекува Апелацискиот суд во Скопје да објави дел од одлуките за жалбите на притворените во настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.

Вчера, апелациските судии ги разгледуваа жалбите за продолжениот притвор на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, на поранешниот директор на Македонската опера и балет

Игор Дурловски, како и за жалбите на Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање и Душко Лазаров, началник за специјални операции во МВР. Сеуште не се донесени одлуки и за жалбите на актерот Владо Јовановски и осомничените Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и Оливер Поповски од Шестата управа.

Коронавирус