вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Вести

Апел од МВР до граѓаните: Пријавете ако службеници ви бараат мито

Апел од МВР до граѓаните: Пријавете ако службеници ви бараат мито

Секој граѓанин, ако од него полициски или царински службеник побара мито, да го пријави случајот во МВР, апелира денеска портпаролот, Тони Ангеловски.

-Нашиот Оддел за внатрешна контрола веднаш ќе реагира. Заедно да ги сузбиеме овие несакани појави, изјави Ангеловски, информирајќи за денешното приведување на петмината полицајци од ГП „Богородица“.

-Ние преземаме мерки против сите службеници. Минатата недела имавме акција против царински служебници, сега имаме за полициски службеници, истакна портпаролот и дополни дека полицијата продожува со конктунирани проверки.

Ангеловски, како што претпладнево соопшти МВР, рече дека кај петмина полициски службеници од граничниот премин „Богородица“ се пронајдени и одземени денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци. Тие се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди дејствувал по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полицајците.

Најнови вести