сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 94
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Апел од Министерството за здравство: Ако сте биле во ризичните региони на Италија, останете во самоизолација 14 дена

Апел од Министерството за здравство: Ако сте биле во ризичните региони на Италија, останете во самоизолација 14 дена

Министерството за здравство повторно испрати апел со граѓаните.

Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува. Затоа повторно апелирам:

❗️Доколку сте биле во некој од ризичните региони во северна Италија, останете во самоизолација 14 дена. На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почуствувате симптоми, контактирајте го локалниот центар за јавно здравје.

❗️ На властите, на граница или на медицинските лица кажувајте им исклучиво точни информации. Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество.

❗️ Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките кои во изминатите 14 дена активно ги комуницираме.

Коронавирус