недела, 25. август 2019. Вести денес: 23
home Вести

Апел од МД Илинден од Тирана: Да му помогнеме на 5-годишниот Алекс

Апел од МД Илинден од Тирана: Да му помогнеме на 5-годишниот Алекс

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана упати апел до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на петгодишниот Алекс Мазенкофски, по потекло од Мала Преспа.

– Сите хумани луѓе уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донира, да помогнеме за лекување на малиот Алекс со потекло од Преспа, Албанија, кому преку ноќ му се смени животот. Средствата може да се уплатат преку Гофундме на следниот линк https://www.gofundme.com/f66qz-10000. Молиме активно да се вклучите во акцијата за лекување на малиот Алекс, Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. На тој начин ќе ми дадеме поддршка на Алекс безгрижно да го мине детството и да ги оствари своите соништа, стои во апелот на друштвото.

Друштвото го пренесува и апелот на неговите родители, во кој се наведува дека на малиот Алекс неодамна му била дијагностицирана многу ретка болест наречена холестатом. Тоа е ткиво што расте во неговото лево уво и треба веднаш да се отстрани, бидејќи подоцна може да предизвика парализа на лицето.

По завршувањето на сите испитувања било утврдено дека со итна операција на оваа возраст успешно се лекува. Доколку семејството обезбеди средства детето може да се оперира на крајот од овој месец во болница во САД, каде што живее семејството.

За операцијата се потребни 47.000, а до сега се собрани околу 5.100 долари.