четврток, 28. септември 2023. Вести денес: 130
home Вести

Апел до граѓаните на Македонија: Одговорно однесувајте се на отворено со цел да се намали заканата од пожари

Апел до граѓаните на Македонија: Одговорно однесувајте се на отворено со цел да се намали заканата од пожари

Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство упатуваат АПЕЛ до граѓаните на Република Македонија, одговорно да се однесуваат на отворено, со цел да се даде максимален национален придонес кон намалување на заканите од пожари кои во периодот беснееат на целата територија на државата.

Посебно апелираме земјоделците да не ги палат стрништата и сувите остатоци по дворовите, а граѓните да се воздржат од какво било палење на оган на отворено.

Според податоците од ЈП Национални шуми, годинава е опожарена вкупна површина од над  14 000 хектари. Со оглед дека пожарите имаат сериозни негативни последици не само за шумскиот фонд, туку влијаат и на влошување на квалитетот на воздухот, на животот и здравјето на луѓето, на биодиверзитетот и на целокупните климатски промени, напоменуваме дека сторителите ќе бидат казнети согласно пропишаните законските одредби кои предвидуваат парични казни за физички и правни лица.

Најнови вести