сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 72
home Вести

Апасиев: Заев ќе му се извини на Ердоган за Крушевскиот манифест

Апасиев: Заев ќе му се извини на Ердоган за Крушевскиот манифест

Професорот Димитар Апасиев од Штипскиот универзитет на саркастичен начин објаснува како би изгледале дневните вести ако успее референдумот за промена на името.

Оваа реакција доаѓа по извинувањето на премиерот Зоран Заев  на премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов како и на „пријателите и браќата“ Бугари, со свој Фејсбук статус, за зборовите кажани во телевизиското интервју на „1ТВ“ на 4 август, дека Илинденското востание е македонско.

„Денес премиерот на Северна Македонија, господинот Зоран Заев, ќе му се ИЗВИНИ и на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за делот од Крушевскиот манифест во кој востаниците го повикуваат народот на востание со зборовите: ‘не можејќи веќе да ја трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо МУРТАТИ’.
Се очекува провладините медиуми и нивните купени уредници и новинари, кои предничеа во референдумската кампања, да вршат директен пренос од овој историски настан за помирување меѓу народите, кој е пример за европски добрососедски односи”

#БојкотирамБескичмењаци
#НавивачНеЕИстоСоНовинар
#НемаДаВиПомине

Коронавирус