среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Апасиев за настапот на јавниот обвинител Јовески: „Тикви со расол”

Апасиев за настапот на јавниот обвинител Јовески: „Тикви со расол”

Професорот Димитар Апасиев објаснува каде погрешил вчера јавниот обвинител Љубомир Јовески.

“Глеам сите ногу големи правници станаа, па ај вака ја коо кондураџија, да се обидам стручно да објаснам некои работи – ама со прост јазик…

ВД Специјален обвинител“ не постои! Значи, она шо го збореше републичкиот јавен обвинител Јовески вчера на пресот, народски кажано, е тикви со расол ?.

За да супсидијарно се примени Законот за ЈО во конкретниов случај, Катица Јанева прво мора да биде РАЗРЕШЕНА!

А за да биде разрешена има едно чудо процедура со пи*кљарда фази – па ќе се обидам да ви доловам:

(1) Вилма Русковска треба да подготви ИЗВЕСТУВАЊЕ до Советот на јавни обвинители дека е покрената кривична постапка против Катица;

(2) Советот изготвува писмен ИЗВЕШТАЈ за основите за разрешување поради нестручно и несовесно работење – кој го доставува до јавноста и до парламентарната Комисија за избори и именувања;

(3) Комисијата доставува ПРЕДЛОГ до Собранието на РМ за разрешување;

(4) За предлогот мора да постои претходна СОГЛАСНОСТ на четирите политички партии со најголем број пратеници;

(5) Собранието на РМ, со двотретинско и бадентерово мнозинство, го усвојува ПРЕДЛОГОТ за разрешување и го праќа повторно до Советот на јавни обвинители;

(6) Дури сега Советот носи ОДЛУКА за разрешување на специјалниот обвинител;

(7) Разрешениот обвинител има право на ТУЖБА против Одлуката за разрешување пред Основниот граѓански суд Скопје за враќање на работа”, пишува професорот Апасиев кој го користи хаштагот #СичкоСиИмаПроцедураБе

Коронавирус