петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 12
home Вести

Антовски: Златко Марин се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ

Антовски: Златко Марин се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска Златко Марин, во стил својствен за СДСМ присвојува проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Градинката зад нас, е проект на ВМРО-ДПМНЕ. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во целост изврши подготовка за изградба на детската градинка, со изготвување на проект, спроведување на јавна набавка, склучување на договор со изведувач на 29.06.2017 година, како и обезбедување на финансиски  средства и издавање на дозвола за градба.

Марин нема нов проект. Тоа е само продолжување на проект на ВМРО-ДПМНЕ. Но Марин тоа денес не го кажа.

Проектите кои ги вети СДСМ во изборната кампања, а кои се однесуваат на изградба на нови детски градинки се испоставија како една голема лага. Тоа пред неколку дена го призна и општинската администрација.

Имено од страна на општинската администрација, на прашање до градоначалникот до каде е изградбата на двете детски градинки ветени од Марин во изборната кампања, добивме одговор, цитирам  – „Не одговараме на изборни ветувања“.

Марин призна дека изборните ветувања се ветувања дадени во изборите и тие повеќе не го обврзуваат.

Господине Марин одговорете зошто нема ништо отпочнато околу изградбата на градинките во Мичурин и во населбата Лисиче на улица Тодор Чангов? Дали ова  беше само една голема изборна лага?

Аеродромци ве прочитаа. Две години сте на власт, а ништо не направивте.

Интегрален текст од прес-конференцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од општина Аеродром.

Коронавирус