среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Антовски: Голготата за аеродромци продолжува, главни виновници за тоа се Марин и Шилегов

Антовски: Голготата за аеродромци продолжува, главни виновници за тоа се Марин и Шилегов

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром обвинуваат дека Златко Марин е одговорен за урбаното дивеење во Аеродром. Советникот Пане Антовски вели дека Марин е покровител на уништувањето на Аеродром.

-Повеќе од јасно е дека Марин се плаши од граѓаните и наместо да им се придружи на протестите, ако искрено го мисли тоа што постојано го изјавува, наменски свика седница на советот за да ги залаже и да го одложи проблемот. Голготата за аеродромците продолжува. Главни виновници за тоа се Златко Марин и Петре Шилегов, со чие одобрение комуналиите за девет катницата кај ,,Мајчин дом” ќе се плаќаат на рати. Со што од зграда која нема да дозволат да се гради, стана зграда која со нивен потпис ќе се гради. Пред локалните избори во 2017 година, еден од главните проекти кои ги ветуваше Златко Марин беше ревизија на деталните урбанистички планови и мораториум за нови градби во Аеродром, изјави Антовски.

Тој вели дека иако Марин се обидува да презентира на јавноста дека мораториумот не е законски, а ревизијата помпезно најавувана, трае повеќе од една година, на аеродромци сеуште им се свежи ветувањата на Златко Марин и проектите во неговата изборна програма.

-На вчерашната седница на советот се изнаслушавме се и сешто, само не и решение на проблемот кој го направи градоначалникот со издавање на одобрението за градење. Марин и СДСМ, со вчерашната седница на советот на општина Аеродром имаа очаен и неуспешен обид за амнестија на катастрофалните грешки со кои го уништуваат Аеродром. ВМРО-ДПМНЕ до Советот на општина Аеродром достави конкретни предлози за надминување на настанатата ситуација и тоа: предлог одлука за запирање на спроведување на спорните детални урбанистички планови и итна ревизија на истите во рок од 30 дена, и наместо суштинска дискусија и изнаоѓање на конретно решение, Марин се занимаваше со ВМРО-ДПМНЕ, свесно бегајќи од проблемот, изјави Антовски.

Коронавирус