вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Антовски: Додека струјата поскапува за 7,5%, ЕЛЕМ распишува јавна набавка на газирана и негазирана вода за скоро 3 милиони денари

Антовски: Додека струјата поскапува за 7,5%, ЕЛЕМ распишува јавна набавка на газирана и негазирана вода за скоро 3 милиони денари

Состојбата во буџетот на Република Македонија е катастрофална и затоа власта на СДСМ и Заев удира по џебот на граѓаните. Заради тоа се поскапува струјата за цели 7,5%, со цел да се покрие неспособното и неодговорно работење во изминатите три години. Но да биде уште полошо власта на Заев во екот на зголемување на цената на струјата не престанува ниту со разузданото трошење на народните пари. Тоа го прави токму преку ЕЛЕМ, еден од чинителите поради кои се поскапува струјата, ова денеска преку прес-конференција го истакна Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено на 29 јули, два дена пред поскапувањето на струјата, ЕЛЕМ склучило договор по тендерот за јавна набавка на минерална газирана и негазирана вода која го распишала компанијата во износ од скоро 3 милиони денари или околу 50 илјади евра за потребите на РЕК БИТОЛА. Компанијата која за да го заштити својот профит бараше поскапување на струјата во исто време набавува вода во износ од 50 илјади евра само за РЕК БИТОЛА. Со други зборови народот ќе плаќа поскапа струја за 7,5%, а ЕЛЕМ ќе набавува газирана и негазирана вода од скоро 3 милиони денари или 50 илјади евра Ова е само еден од показателите на недомаќинското работење на власта на СДСМ и ЗАЕВ. Тие изминатиот период во енергетските компании кај што платите се далеку над просекот вработуваа партиски војници, непотистички вработуваа роднини на функционери, делеа бонуси, правеа сомнителни милионски тендери, цело време со парите од граѓаните, за сега без срам да бараат народот да им го плаќа нивното неодговорно работење, вели Антовски.

Тој додава дека со ова покачување, Македонија стана една од државите во Европа во која граѓаните плаќаат највисока цена споредено со просечната плата. Со оваа одлука директно се удира по стандардот на граѓаните во услови на епидемија со коронавирусот. Македонија е единствената земја во регионот и пошироко која во ваква здравствена криза покачува енергенс, кога сите останати или ги задржуваат цените или ги намалуваат.

-Народот исто така не смее да ја плаќа цената на енормното задолжување од 1 милијарда евра во само три месеци, кое беше злоупотребено за изборен поткуп. Тоа што пред изборите им го даваа на дел од граѓаните со лажичка, сега сите ние ќе треба да го враќаме со лопата. Наместо политикантство потребни се конкретни планови и стратегии со кои Македонија ќе се извади од здравствената, но и економската криза која секој ден ги осиромашува граѓаните на Република Македонија. Со власта на Заев и СДСМ нема ни стратегија, ни план како тоа да се направи. Од нив гледаме само интерес како со јавни набавки да се исцицаат народните пари, додека народот и стопанството се гушат во немаштијата, рече Антовски.

Коронавирус