вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 177
home Вести

Aнтикорупциската комисија објави повик за набљудувачи на изборите

Aнтикорупциската комисија објави повик за набљудувачи на изборите

Државната комисија за спречување на корупцијата објави повик за набљудувачи на кампањата и на предвремените парламентарни избори.

ДКСК ќе ангажира 20 набљудувачи и тоа: пет лица за првата изборна единица, од кои двајца со познавање на албански јазик; за втората ИЕ три лица, од кои еден со познавање албански јазик; за изборните единици 3 и 4 – четири лица и за изборните единици 5 и 6 – осум лица од кои четири со познавање албански јазик.

Според повикот, заинтересираните кандидати не треба да се членови на политичка партија, во периодот на изборната кампања да не се работно ангажирани, да имаат на располагање моторно возило и да поседуваат возачка дозвола Б категорија, како и да имаат основни познавања за облиците на промоција на политичките партии и водењето на изборните кампањи. Кандидатот треба да е жител во населеното место во изборната единица за која се пријавува и да располага со мобилен телефон за фотографирање и интернет конекција.

Пријавувањето е преку е-маил  [email protected] најдоцна до 16 јуни 2020 година

Најнови вести

Локални избори 2021