понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 90
home Вести

Антикорупциска уште пред три години имала сознанија дека во СЈО се случува непотизам

Антикорупциска уште пред три години имала сознанија дека во СЈО се случува непотизам

Аферата за непотизам во СЈО, Антикорупциската комисија ја знаела уште пред три години. Но, Нури Бајрами вели дека првите луѓе на СЈО никогаш до комисијата не доставиле документација за вработените.

„Од 2016 во врска со ова обвинителство има пријава од едно физичко лице за сомневања поврзано за вработување на внук на шефицата на СЈО. Било побарано информација од претходниот состав на Комисијата, но не биле доставени од СЈО. Потоа на 20 ноември 2017 година итно било побарано да се делува по барањето на Комисијата, но повторно не ни биле доставени документи од СЈО, така што предметот останал отворен“, рече Нури Бајрами, член на Антикорупциска комисија.

Бајрами вели дека независно од тоа што обвинителите веќе не работат во СЈО и се трансферирани на други работни места, Антикорупциска и понатаму ќе ги истражува сите сомнежи за непотизам. ВМРО-ДПМНЕ пред два дена објави 20 имиња на роднини на фунционери и обвинители во СЈО. Според нив, во СЈО се вработувало врз основа на семејни врски, како и партиски кадри на СДСМ. Оттаму велат дека СЈО се претворило во институција каде биле згрижувани роднини и членовите на СДСМ.

Коронавирус