недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 22
home Вести

Антикорупциска: Субвенциите за велосипеди на проверка во Обвинителството

Антикорупциска: Субвенциите за велосипеди на проверка во Обвинителството

Антикорупциската комисија ќе го извести јавното обвинителство дека од Град Скопје објавиле оглас за субвенции на велосипеди по распишување на изборите, пишува Плусинфо.

Државната комисија за спречување на корупцијата едногласно утврди дека приговорот од ВМРО-ДПМНЕ ќе се отфрли, бидејќи не се исплатени средствата, но како што образложи членот Нури Бајрами, има пропуст, согласно принципот на добро владеење во тоа што никаде не е наведено дека исплатата на субвенциите ќе се врши по изборите.

На денешната седница ДКСК разгледуваше вкупно девет приговори за можни злоупотреби во изборната кампања, сите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Прифатен беше единствено приговорот за злоупотреба на канцеларии во општинската зграда на Шуто Оризари, за одржување прес-конференција за поддршка на претседстелскиот кандидат, Стево Пендаровски. За овој приговор Антккорупциска побара повеќе време за утврдување на фактичката сосотојба, бидејќи од општината образложија дека истата зграда ја делат и општината и деловни простории на другиот спрат за кој градоначалникот нема ингеренции.

Коронавирус