среда, 22. мај 2019. Вести денес: 5
home Вести

Антикорупциска поведе прекршочна постапка против в.д. градоначалникот на Охрид

Антикорупциска поведе прекршочна постапка против в.д. градоначалникот на Охрид

Антикорупциската комисија поведе прекршочни постапки против 18 градоначалници кои не ја пријавиле имотната состојба или не поднеле изјава за судир на интереси. Меѓу нив е и в.д. градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, градоначалниците на Гази Баба, Арачиново, Делчево и други, објави порталот ohridnews.com

Согласно законот, тие ќе треба да платат казна од 200 до 400 евра.

Антикорупциска поведе постапка и против претседателот Иванов, бидејќи не пријавил купување на два нови стана. Од Кабинетот на претседателот ја демантираа државната комисија за спречување на корупцијата, со образложение дека претседателот купул еден стан, за што подигнал кредит, но не го пријавл затоа тој се’ уште е во изградба и нема имотен лист.