недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 74
home Вести

Антикорупциска ја проширува истрагата за Рашковски

Антикорупциска ја проширува истрагата за Рашковски

Антикорупциска тврди дека поседува докази и за други сомнителни јавни набавки спроведени од Драги Рашковски, а биле поврзани со сообраќајниот софтвер. Документите кои ги обезбедиле антикорупционерите се однесувале на купување дополнителни уреди вредни 300 илјади евра.

„Тие се поврзани со самиот предмет, камери, сталки, подвижни кабини. Има повеќе јавни набавки со што износот на средствата што се потрошени за тие договори е голем. Мислам дека стануваше збор за околу 18 милиони денари“, изјави Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК, пренесува Сител.

Извештајот за набавките спроведени од Рашковски, антикорупциска ќе го испрати до обвинителството. Од таму за Сител велат дека предметот ќе го проучат и дополнително ќе одлучат дали ќе биде дел од истрагата која се води против поранешниот генерален секретар на владата.

Во меѓувреме, од ДКСК предупредуваат дека состојбата со корупцијата во државата е сериозна, а на тоа укажувале извештаите на меѓународните институции.

Вработувањето во државни институции, антикорупционерите го сметаат за најголем проблем. Велат, изборот најчесто имал партиска поврзаност.

ЕУРО 2020

Македонија