петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 130
Во живо

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Натпартиски протест во Куманово за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

„Антикоцкање“ ќе го блокира автопатот Тетово-Скопје

„Антикоцкање“ ќе го блокира автопатот Тетово-Скопје

Движењето Антикоцкање од Тетово во знак на незадоволство што нема измени во Законот за игри на среќа најави дека ќе го блокира сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје. Тоа, според нив, ќе се направи на денот кога ќе почне предизборната кампања.

-Ги информираме граѓаните и граѓанските здруженија дека на денот кога почнува предизборната кампања Движењето ќе го блокира одвивањето на сообраќајот на автопатот кон Скопје, кај патарината кај Желино од 10 часот, истакна на прес-конференција, Џемал Абдиу, претставник на Движењето „Антикоцкање“.
Тие се незадоволни што политичките партии во Собранието не го ставија законот на дневен ред на седница, иако имало комисиска расправа.

–Причината поради која го немаме долгоочекуваниот закон се двете партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Рековме дека јавно ќе ги демаскираме сите оние кои што ќе застанат на страна на коцкањето и не го усвоија законот, рече Абдиу, повикувајќи ги партиите во изборната програма приоритет да им биде Законот за игри на среќа.
Главното барање на „Антикоцкање“ е дислокација на објектите каде се приредуваат игрите на среќа.

Коронавирус