среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Анонимен хуманитарец ќе ја плати операцијата на Игор: Тој утре заминува за Турција, да донираме за терапија!

Анонимен хуманитарец ќе ја плати операцијата на Игор: Тој утре заминува за Турција, да донираме за терапија!

„Финансиските средства за Игорче се обезбедени од анонимен паталец, а авионските билети ги плати Деспина Велковска“.

Оваа прекрасна вест беше споделена пред малку по повикот дека време за чекање нема и дека Игор Геленчев е во критична состојба.

Тој утре ќе оди на лекување во Турција.

-Воедно благодарност и до Жана Величковска што несебично ни излезе во пресрет. Ви благодариме на сите хумани луѓе што го раширивте постот. Игорче утре лета за Турција, му посакуваме успешна операција и лесно заздравување, пишува во соопштението.

Бидејќи ќе има и постоперативен период и терапија, можете да донирате на отворените донациски броеви и да му помогнете на Игор да успее во оваа борба!

143181 Телеком
143468 Вип/Оне