четврток, 13. август 2020. Вести денес: 150
home Вести

Анкетната куќа со која работи Трамп прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите

Анкетната куќа со која работи Трамп прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите

Изминатата година спроведовме анкета во Македонија. Истражувањата покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните парламентарни избори, соопштуваат од анкетната куќа McLaughlin.

Анкетната куќа која соработува со американскиот претседател Доналд Трамп испрати свои луѓе во Македонија, кои во изминатиот период константно вршеа реални испитувања на јавното мислење на граѓаните за кого ќе гласаат.

Од таму ги објавуваат рејтинзите на македонските политички партии според резултатите од анкетирањата. Во секое од нив е забележано дека најголема доверба македонскиот народ има во ВМРО-ДПМНЕ.

Според последните резултати, ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари победа во 5 од 6-те изборни единици.

Во ИЕ 1 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 28%, СДСМ 25%, ДУИ 6%, АА 4%, ДПА 1%, други 1% и 35% се неопределени.

Во ИЕ2 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 26%, СДСМ 24%, ДУИ 9% АА 7%, ДПА 1%, други 1%, 32% неопределени.

ВО ИЕ 3 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 39%, СДСМ 32%, ДУИ 0, АА 0, ДПА 0, други 0, 29% се неопределени.

ВО ИЕ 4 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 38%, СДСМ 33%, ДУИ 0, АА 0, ДПА 0, други 1, 28% се неопределени.

ВО ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 31%, СДСМ 28%, ДУИ 5%, АА 4, ДПА 1%, други 0, 31% се неопределени.

ВО ИЕ 6 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 12%, СДСМ 17%, ДУИ 26%, АА 20, ДПА 3%, други 0, 22% се неопределени.

Резултатите од анектата се јавно објавени на Твитер.

Станува збор за анкетната куќа со која работи Трамп.

 

 

 

Коронавирус