понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 175
home Вести

Анкетите покажаа дебакл на градоначалниците од власта

Анкетите покажаа дебакл на градоначалниците од власта

Резултатите од анкетата  на SIA VISTA на прашањето: “Како ја оценувате  работата на градоначалниците?” направена за скопските општини е поразителна.

Анкетата покажа дека најголем процент од граѓаните воопшто не се задоволни од нивното работење досега, a веќе изминува и последната година од нивниот мандат.

Слични резултати покажаа и други анкети во повеќе општини, a станува збор за општини каде живее Македонско население, но преовладува и Албанско население или население од другите националности.
 
Искрено, можеби има неколку добри градоначалници, но, за жал, тие можат да се избројат само на прстите од едната рака!
 
Владејачката коалиција СДСМ-ДУИ, треба да се засрами од ваквите анкети за градоначалниците, затоа што тоа е потврда за нивните поразителни политики на секое ниво.
 
Практично, со “гласовите од народот”(знаете како поминаа претходните локални избори), овие градоначалници добиле удобни фотелји, привилегии, комодитет, а возвратиле претежно со лаги и големи разочарувaња, што резултира со забрзаното иселување на младите и празнење на општините со народ.
 
Незаинтересираноста, или “преспивањето на мандатите” на т.н. “општински татковци и мајки”, претставуваат основен проблем во државава!

Евидентираните нетранспарентности од повеќе институции во работењето на општините, создаваат сомнежи во нивната работа и бегање од соочувањето  со реалните проблеми на граѓаните.
 
Огромен револт е непотизмот на секое ниво, надоврзан со теснoпартиските вработувања и теснопартискиот пристап во решавање на општите проблеми.
 
Наместо прогресивни општини со натпреварувачки карактер, добивме хибернирани општини, неатрактивни нити за надворешни инвеститори, туристи, реално, ниту за луѓето кои живеат во нив.
 
Континуираното влошување на условите за живот во општините, резултира и со зголемена бројка на невработеност, a последниот шамар од УНЕСКО  е само потврда на сето претходно кажано!    
 
Затоа, во иднина  неопходни се законски измени и воведување MERIT SYSTEM на Градоначалниците, систем кој постојано ќе го мери процентот на реализација на ветените проекти од ветената програма, кој нема да дозволи лажни ветувања и лежерност и за “неработниците” воведувањето категорија-административен  Градоначалник да биде казна за направената политичка манипулација!!
 
Внимвајте, на претстојните локални избори, со правилниот избор на градоначалници, да не се дозволи вакво бесцелно губење време. Зарем би сакал некој и во следните 4 години да му биде скратена можноста за развој и просперитет, а за жал сето купено со негови пари!

Коронавирус