недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Анкетата на Телма ги потврдува тезите на Мицкоски за партизираноста на правосудството

Анкетата на Телма ги потврдува тезите на Мицкоски за партизираноста на правосудството

Мнозинство од 53,5% од македонските граѓани немаат доверба во Специјалното јавно обвинителство и ова е голем пресврт споредено со сите претходни истражувања во кои СЈО имало доста голема поддршка, според вечерашната анкета на Телма и МЦМС изработена од „М Проспект“. Анкетата е спроведена од 11 до 16 ноември на репрезентативен примерок од 1.014 испитаници.

Според оваа анкета расте недовербата на граѓаните и во другите институции во правосудството. Во редовното обвинителство односно Републичкото јавно Обвинителство мнозинство од граѓаните – 61% немаат доверба, безмалку половина – 28,3 % или 32,7% имаат доверба. Колку доверба имате во судството? Мнозинство – 61,4 % одговориле дека немаат доверба во судскиот систем, а 33,3% имаат доверба.

Со ова се покажува дека граѓаните немаат доверба во правосудтсвото. Недовербата со правосудството ја докажа неспособноста на оваа власт да изврши реформи и докажа дека целиот правен систем е партизиран.

Со анкета на „Телма“ се потврдува и изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – „Судството не само што не се реформира и не иде напред туку дополнително се влошува состојбата. Но морам да кажам дека „Кацарска судството“ кога тогаш ќе заврши и ќе дојде вистинско судство со вистински судии кои што ќе судат непристрасно и ќе бидат ослободени од стегите на политичарите“.

Најнови вести

Коронавирус