петок, 9. декември 2022. Вести денес: 95
home Вести

Анкетата на МЦМС и Телма-појас за спасување на давеничкиот СДСМ?

Анкетата на МЦМС и Телма-појас за спасување на давеничкиот СДСМ?

Низа недоследности, нелогичности и апсурди во статистика, ја одбележуваат последната анкета која беше спроведена од страна на МЦМС и телевизија Телма.

Она што беше најзапазено на прв поглед на анкетата е резултатот дека ВМРО-ДПМНЕ води кај Македонците, а СДСМ стана најпопуларна партија кај Албанците.

Симптоматично е што оваа анкета покажува дека најголем дел од Албанците се изјасниле дека ако утре има парламентарни избори, тие би гласале за СДСМ. Од друга страна, политичар во кој Албанците имаат најголема доверба е лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Овие податоци се нелогични и неприродни. Имено, ако Албанците во Македонија најмногу му веруваат на Ахмети, логично и природно би било најголема доверба да дадат на партијата ДУИ. СПоред статистиката и анализите, во сите досега објавени анкети е пракса, партискиот лидер како поединец да има помала доверба од неговата партија. Од тука станува јасно дека барем овој дел од анкетата е фингиран. Ваквите небулозни резултати се потег направен во паника, со вештачко креирање на процентите или за партијата или за политичарот во кој Албанците најмногу веруваат.

Уште една, доста очигледна и вештачка слика која се претставува, е таа дека според МЦМС и Телма, само 5% од граѓаните не знаеле за кого ќе гласаат на следните избори. На секој граѓанин, кој досега погледнал резултати од било која анкета која била спроведена, му е сосема јасно дека 5% е нереално ниска бројка на неопределени гласачи.

Qatar 2022