недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Анкета во македонските училишта до родител А и Б: Дали Вашето дете е родено во Република Северна Македонија? (ФОТО)

Анкета во македонските училишта до родител А и Б: Дали Вашето дете е родено во Република Северна Македонија? (ФОТО)

Дали Вашето дете е родено во Република Северна Македонија? Ако не, колку години имаше Вашето дете кога тој/таа дојде во Република Северна Македонија?

Ова е дел од прашалникот кој беше поделен помеѓу родителите на четвртоодделенци во неколу избрани основни училишта низ Македонија. Станува збор за истражување за рано учење. Истражувањето на ТИМС треба да ги покаже знаењата по природни науки и математика на четвртооделенците во Македонија.

Прашалникот го добија родителите на учениците од четврто одделение кои ќе учестуваат во истражувањето кое го спроведува ТИМСС (Trends in international Mathematics and science study). Тие требаше да пополнат прашања кои се однесуваат на навиките на учениците во училиште, што научиле во училиште и со какви знаења располагале пред да тргнат на училиште. Но, она што ги изненади родителите е тоа што меѓу прашањата имаше и прашање „Дали Вашето дете е родено во Република Северна Македонија? Ако не, колку години имаше Вашето дете кога тој/таа дојде во Република Северна Македонија?“.

Децата кои учат во четврто одделение во просек имаат 10 години и значи дека се родени во Република Македонија. Амандманите од 33 до 36 заедно со Уставниот закон за нивно прогласување, со коишто се менува името на земјава од Република Македонија во Република Северна Македонија, се објавени во Службен весник број 6 од 12 јануари со потпис на претседателот на Собранието Талат Џафери. Овие измени на Уставот со 81 глас „за“ беа усвоени на 75. седница на 11 јануари.

Освен овие две, во прашалникот имаше и прашања за образованието и професијата на родителите, кои не беа означени како мајка и татко, туку како Родител А и Родител Б.

Министерството за труд и социјална политика тврдеше дека „мајка“ и „татко“ нема да прераснат во родител А и родител Б и дека не се брише семејството со предлог-законот за заштита од дискриминација. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се изјаснија дека со резерва гледаат на предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, оти, според нив, со него се брише одредбата дека бракот е заедница помеѓу маж и жена. Тие реагираат и дека со новиот предлог закон се укинуваат термините мајка и татко и се воведува терминологијата родител А и родител Б.

ТИМСС е е меѓународната студија по математика и природна група предмети, која ги мери знаењата и способностите на учениците по математика и природната група предмети во четврто, во осмо одделение и на крај на средното образование (во математичките училишта). Преку прашалниците за ученици, наставници и директори се добиваат резултати за тоа како културната средина, наставната практика, целите на наставните програми и систематското уредување на образованието влијаат врз постигањата на учениците. Мерењето на постигањата во оваа студија има две димензии: содржинска и когнитивна.

ИЕА е главен организатор на ТИМСС, а активностите се раководени од Меѓународниот студиски центар во Бостон (International Study Center, ISC). Покрај нив во спроведувањето на ТИМСС учествуваат и Statistics Canada од Отава и Educational Testing Service од Принстон, Њу Џерси.

Во периодот од март до мај 2019 година ќе биде реализирано главното тестирање после што ќе следува опсежен извештај.

Коронавирус