понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 157
home Вести

АНКЕТА: Тоне довербата на Владата на Заев кај граѓаните- судството, корупцијата и надворешната политика не добија преодна оценка

АНКЕТА: Тоне довербата на Владата на Заев кај граѓаните- судството, корупцијата и надворешната политика не добија преодна оценка

Над половина од граѓаните на Македонија не ја одобруваат работата на Владата, покажува најновата анкета изработена од М-Проспект, објавува Прес24.

Според неа, 51.2% од граѓаните не ја одобруваат работата на Владата, додека поддршка и даваат 43,8% од граѓаните.

Најлошо е оценета борбата со организираниот криминал и корупција. Над 59% од граѓаните не ја одобруваат работата на Владата во оваа област.

Повеќе се перцепирани како позитивни надворешните политики (45%), додека само 37.6% одобруваат економски политики. Најмалку одобрување има на работата на Владата во однос на борбата против корупцијата и криминалот (34.9%). Во склад со тоа е и најниското оценување на реформите во Судството (2.18) и борбата против корупција (2.18). Реформите во јавната администрација се оценети со средна оценка 2.35. Нешто подобро се оценети реформите во безбедносните служби (2.52).Министерството за надворешни работи си ја врши својата работа најдобро (9.5%), а за 16.8% од испитаниците министерството за здравство најлошо ја врши својата работа.Испитаниците покажуваат ниско ниво на доверба кон СЈО (57.1% недоверба кон институцијата).Анкетата на М-Проспект е спроведена во периодот од 15 мај до 7 јуни годинава врз репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

Според анкетата изработена од М-проспект се покажува дека граѓаните не му даваат преодна оценка на судството.

Дури 34,7 проценти од испитаниците на скала од 1 до 5 негативно ги оцениле реформите во сусдството.

Со оценка 2 работењето на судството го оцениле нешто помалку анкетирани граѓани, 25,4 проценти, додека 22 проценти доби оценката 3.

8,9 проценти од испитаниците велат дека ги оценуваат реформите во судството со оценка 4, додека најмалку со 4,2 проценти од граѓаните ја дале оценката 5 во врска со реформите во судството.

Додека 4,8 проценти од испитаниците се изјасниле со одогворот не знам.

Според истата анкета се покажува дека 2/3 од граѓаните се со став дека власта не се бори против корупцијата.

На прашањето „На скала од 1 до 5 како би ги оцениле реформите во Борбата против корупција “ дури 39 проценти ја дале оценката 1 (негативно), додека 21, 2 проценти го оцениле со оценка 2, сличен е процентот и со оценката 3, каде процентот изнесува 21,6, додека 8,9 проценти од испитаниците ја дале оценката 4, а најмал е бројот за оценката 5 или 5,5 проценти.

3,8 проценти од испитаниците се изјасниле дека не го знаат одговорот.

Во анкетата се покажува и дека Владата лошо ја води надворешната политика.

На прашањето „Одобрување на работата на владата во Надворешна политика“ дури 51 процент од испитаниците одговориле дека не ја одобруваат работата и водењето на надворешната политика, додека 45 проценти ја одобруваат работата.

Дури 1,6 проценти од испитаниците се изјасниле дека не знаат, додека не се изјасниле со договор 2,4 проценти од испитаниците.