вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

АНКЕТА СО 101%: Фирма која доби владини пари штелува анкети во корист на СДСМ

АНКЕТА СО 101%: Фирма која доби владини пари штелува анкети во корист на СДСМ

Продолжува валканата игра и ширењето лажни власти во полза на власта во предизборниот период. Според денешната анкета на Стратум, коалицијата предводена од СДСМ имаат предност од 2 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Ваквите бројки би биле во ред, доколку не се погледне вкупниот збир на одговорите што се понудени во анкетата, а кој изнесува вкупно 101 проценти, со што истата ја прави нерелевантна..

Како што се наведува во истата анкета наводно најголем број од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за коалицијата СДСМ БЕСА, 2% помалку од нив изјавиле дека ќе гласаат за Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Иста разлика од 2% има помеѓу албанските партии ДУИ и Алијанса на Албанците.

Инаку, исто така на 2 јули беше објавена друга анкета, во корист на СДСМ кога вкупниот збир на одговорите што се понудени во таа анкета, вкупно изнесуваа 93.9 проценти.

Исто така вреди да се напомене дека Стратум пишуваше проекти и на други фирми за Фондот за иноваации

Коронавирус