среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Анкета на МЦМС: ВМРО-ДПМНЕ со поголема поддршка од СДСМ кај Македонците

Анкета на МЦМС: ВМРО-ДПМНЕ со поголема поддршка од СДСМ кај Македонците

ВМРО-ДПМНЕ е со 24 отсто рејтинг, што е скок од 3,4 отсто споредено со нивната анкета во месец мај, каде ВМРО-ДПМНЕ имаше рејтинг од 20,6 отсто, додека СДСМ на најновата анкета има рејтинг од 24.4 отсто, а на истата анкета во мај имала 25,5 отсто, што е пад за 1.1 отсто.  Ова го покажува најновата анкета на МЦМС, спроведена од М-проспект.

ВМРО-ДПНЕ има поголема поддршка кај Македонците и води пред СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 31.2% а за СДСМ 28.3%.

-Кај етничките Македонци, ВМРО-ДПМНЕ има мала предност (31,2%) наспроти СДСМ (28,3%), стои во анкетата.

Податоците беа прибирани телефонски (CATI) во периодот од 24 јули до 01 август 2018 година. Анкетата е спроведена на повеќеслоен стратификуван примерок од 1026 испитаници постари од 18 години.

 

Коронавирус