сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Анкета на ИПСОС: Победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори

Анкета на ИПСОС: Победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ како партија, не коалиција би била победник на следните парламентарни избори, покажуваат резултатите од спроведената анкета на Агенцијата ИПСОС.

На прашањето доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори и на тие избори би се кандидирале само партии, а не коалиции, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 22,5 проценти од испитаниците, додека за СДСМ својот глас би го дале 15,3 од анкетираните.

ВМРО-ДПМНЕ 22.5%, СДСМ 15.3%, ДУИ 7.3%, Левица 5.2%, Алијанса 3.5%,БЕСА на Касами 1.8% , Глас за Македонија 0.4%, ЛДП 0.3%, ДОМ 0.3%, Алтернатива 0.3%, БЕСА на Гаши 0.3%, Твоја партија 0.3%, Демократски сојуз 0.2%, ИНТЕГРА 0.2%, ДПА 0.1%, НСДП 0.1%, Друго 0.5%, Неодлучен/на 14.2%, Одбивам да одговорам 20.2%, Нема да гласам 6.8%.

Според резултатите од анкетата, кај граѓаните преовладува мислењето дека не гласањето на Кастриот Реџепи е затоа што има земено пари да не присуствува на седницата и да не гласа.

Дали според вас отсуството на пратеникот Кастриот Реџепи беше?

• Затоа што беше киднапиран и приморан од коалицијата СДСМ-ДУИ – 13%
• Затоа што навистина верува во како што напиша тој во својот ФБ статус дека државата ќе добие датум за преговори со ЕУ и ќе се реши спорот со Бугарија – 17%
• Затоа што има земено пари да не присуствува на седницата и да не гласа – 26%
• Не знам – 29%
• Одбива да одговори – 16%

Мнозинството граѓани сметаат дека генерално државата се движи во погрешна насока. Ваков одговор дале 57 проценти од анкетираните, додека за правилна насока се изјасниле 31 проценти.

Желба за предвремени парламентарни избори искажале 44.2 % од испитаните, додека против се 38.8%.

На ова прашање со „Не знам“ одговориле 5.6%, додека одбиле да одговорат 11.4%

Анкетата е спроведена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, од 12 ти до 30 ноември 2021 година на територијата на целата држава, на стратифициран репрезентативен примерок од 1 010 испитаници.

Коронавирус