недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 39
Во живо

Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Вести

АНКЕТА: Миле Петков и Стефче Трпковски со најголема шанса за победа во Виница и Сопиште

АНКЕТА: Миле Петков и Стефче Трпковски со најголема шанса за победа во Виница и Сопиште

“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 годиниа.

Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.

Резултатите покажуваат убедлива предност на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Виница и Сопиште.

Граѓаните од Виница најмногу доверба имаат во Миле Петков, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. За него рекле дека ќе гласаат 26,3% од гласачите. Кандидатот на СДСМ, Ивица ДИмитров добил поддршка од 23,8%.

Стефче Трпковски, според резултатите од анкетата, ќе победи на изборите во Сопиште. Тој има доверба од 28,8% од анкетираните. Зад него е кандидатот на СДСМ, Сашо Стојановски, за кого би гласале 20,6%.

 

Локални избори 2021