вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Анкета ИПИС: Победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски со поголема доверба од Заев

Анкета ИПИС: Победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски со поголема доверба од Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите закажани за 15 јули, а Христијан Мицкоски е со најголема доверба кај граѓаните меѓу политичарите покажуваат податоците од најновата анкета на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведена во периодот помеѓу 2 и јули на 1087 полнолетни испитаници во Македонија.

Според дадените одговори на граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ на изборите ќе гласаат 21.9 проценти од анкетираните, додека за СДСМ 19.8.

Во албанскиот блок за ДУИ би гласале 5.9 проценти од испитаниците, за Коалиција АА и Алтератива 4.2 отсто. Левица, од анкетираните граѓани, поддршка добила од 1.9 проценти. Не знаат/не сакаат да дадат одговор на ова прашање се 17.1 односно 16.4 проценти од анкетираните граѓани.

28.2 проценти од испитаниците Македонци ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на овие избори, додека за СДСМ 23 проценти.

Кај испитаниците Албанци, најголема доверба има ДУИ со 25,9 проценти, па Коалиција АА и Алтернатива. За СДСМ би гласале 10.7 отсто од ипитаниците Албанци.

Граѓаните на анкетата истакнале дека Христијан Мицкоски е политичарот во кој имаат најголема доверба. Својот глас за него го дале 19.2 отсто од анкетираните, додека за Заев 17.6 проценти. Билал Касами и Мендух Тачи се политичарите со најмала доверба кај граѓаните.

 

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари.

Од ИПИС информираат дека истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Македонија.

Коронавирус