петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 41
home Вести

АНКЕТА: Граѓаните немаат доверба во државните институции дека ќе спроведат фер и објективен попис

АНКЕТА: Граѓаните немаат доверба во државните институции дека ќе спроведат фер и објективен попис

Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење за таргетирани актуелни прашања.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 11.01.2021 – 15.01.2021 врз 1.119 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.

При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.

Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите се користат за потребите на анализите на институтот.

Според одговорите на граѓаните, дури 59,2 проценти од анкетираните одговориле дека немаат капацитет државните институции да го спроведат пописот, а само 35,5 проценти одговориле дека институциите имаат капацитет за спроведување на фер и објективен попис.

  1. Дали мислите дека државните институции имаат капацитет за спроведување на фер и објективен попис?

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија