вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 76
home Вести

Анкета: Граѓаните ја обвинуваат Владата за недобивање датум и сметаат дека не направила доволно за „Рекет“

Анкета: Граѓаните ја обвинуваат Владата за недобивање датум и сметаат дека не направила доволно за „Рекет“

Вкупно 46,5 проценти од граѓаните сметаат дека земјата се движи во лоша насока, наспроти 32 процента кои  сметаат дека земјата се движи во добра насока, додека секој петти или 19,9 проценти смета дека насоката е иста, односно, ништо не е променето, покажуваат резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) за ставовите на граѓаните за актуелните политички случувања во земјата.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета во периодот од 15 ноември до 1 декември 2019 година на национален репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, со статистичка грешка грешка од 3,1 процент со прифатливо ниво на доверба од 95 отсто.

Речиси половина од испитаниците сметаат дека Владата е виновна за недобивањето датум за преговори со ЕУ (46,8%). Мало малцинство од испитаниците вината за тоа ја гледаат кај Франција (22,5%) и внатрешните проблеми на ЕУ (15,6%). Незначително малцинство од испитаниците, пак, сметаат дека опозицијата е виновна за недобивање датум за преговори со ЕУ (9,7%). (МИА)