недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

АНКЕТА: Граѓаните барааат новата учебна година да почне со физичко присуство на учениците во училиштата

АНКЕТА: Граѓаните барааат новата учебна година да почне со физичко присуство на учениците во училиштата

Како наближува стартот на учебната година така граѓаните се помасовно бараат новата учебна година да почне со физичко присуство на учениците во училиштата.

На анкета која е спроведена на социјалната мрежа Фејсбук мнозинството граѓани инсистираат наставата да се одвива во училиштата.

На мислењето на граѓаните се придружува и Министерот за образование Арбер Адеми.

Моделите што веќе ги подготви Министерството за образование ќе бидат разгледани уште еднаш на состанок на Комисијата за заразни болести, изјави министерот Арбер Адеми кој, како што објави ТВ Алсат М смета дека новата учебна година треба да почне со физичко присуство, во зависност од епидемиолошката состојба во земјава.

Во изјава за телевизијата Адеми истакна дека станува збор за тешки одлуки и дека со Комисијата за заразни болести МОН е во постојан контакт во последниве денови, најавувајќи одлука во текот на денов.

– Немаше и нема амбиција со онлајн-учење да се замени традиционалниот начин на спроведување на образовниот процес, бидејќи такво нешто е недостижно, рече Адеми за Алсат М.

Коронавирус