понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Анима Мунди: Не ни се проблем животните – институциите ни се проблем, но нема кој да го санкционира нивното неработење!

Анима Мунди: Не ни се проблем животните – институциите ни се проблем, но нема кој да го санкционира нивното неработење!

10 Лајки не можат да ја поправат штетата нанесена на животните, граѓаните и градот со запирањето на програмата за масовна стерилизацијата на бездомните животни во Скопје од месец април и непонудената алтерантива за спроведување на истата (пр. во соработка со активисти, локални ветеринарни станици, дистрибуција на ваучери за бесплатна стерилизација, мобилни ветеринарни служби), игнорирањето на укажувањата и барањата на здруженијата кои сопствените знаења, искуства и ресурси ги нудат за справување со проблемот. Нема кој да ги чуе, освен пред избори.

Ова го порачуваат од Анима мунди, здружение за заштита на животните.

Нивното обраќање го пренесуваме во целост: 

Aј што градот молчи, туку АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО КАКО ДА НЕ ПОСТОЈАТ, иако се надлежниот орган кој треба да ја процени состојбата во која се наоѓаме и укаже на нејзината сериозност, понуди надминување и да го санкционира Град Скопје. СО КОГО И СО ШТО СИ ИМАМЕ РАБОТА МОЖЕ ДА СЕ ЗАКЛУЧИ И ПО НИВНОТО ИГНОРИРАЊЕ НА СЕКОЈ НАШ МЕЈЛ, ВО СЛУЧАЈОВ НАША ПОНУДА ЗА ПОМОШ И ДОЗВОЛА ДА СТЕРИЛИЗИРАМЕ БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ ВО СКОПЈЕ. Прочитајте го мејлот кој е испратен на АХВ и директорот Зоран Атанасов каде нудиме помош во стерилизации на бездомни кучиња, за што бараме дозвола – зошто здруженијата се изложени на притисоци и инспекции доколку стерилизираат бездомни животни. Потенцираме на јавноста – АХВ „мува не ги лази“ и не одговараат на нашите барања да ни се дозволи да вршиме стерилизација на бездомните животни, и тоа сега додека е градот по ова прашање во комплетен колапс. Оваа Монти Пајтон приказна е својствена само во Македонија, за ваквото безредие на Балканот, Европа, сите ни се чудат! За останатиот свет активистите се слика на хумана и цивилизирана Македонија, додека општините и институциите (АХВ) се перцепираат како неспособни, нехумани и корумпирани.

ЈАВНОСТА МОРА ДА ЗНАЕ ДЕКА НЕ НИ СЕ ПРОБЛЕМ ЖИВОТНИТЕ – ИНСТИТУЦИИТЕ НИ СЕ ПРОБЛЕМ, но нема кој да го санкционира нивното неработење!

Директорот на АХВ Зоран Атанасов должи објаснување на јавноста дали не смета дека стерилизирањето на бездомните животни е итно и важно, со цел да се обезбеди заштита на граѓаните, животните, да се заштедат пари (НАД 200 000 ЕВРА) кои градот ги фрла годишно на отштети за каснување од бездомно куче. Активистите трчаат по улици, вдомуваат, и со сопствени напори и пари се обидуваат да ги вратат работите под контрола.

Истиве институции се први да ги малтретираат и казнуваат хуманите граѓани: сопствениците на миленици за мирно куче без маска, луѓе кои сакајќи да помогнат згрижуваат и самостојно стерилизираат бездомни животни, здруженија кои, според нивното гротескно толкување на законот не смејат да стерилизираат – но без исклучок меѓусебно си се покриваат и штитат кога нивната ноншалантност, неспособност, незаинтересираност е повеќе од евидентна. Не им е гајле што се предизвикува опасност, штета и што се трошат парите дадени од наш џеб!

ПОТСЕТУВАМЕ: Секоја една нестерилизрана единка во просек раѓа некаде од 16 до 20 кутриња. Да претпоставиме дека половина од родените се исто женки (8 до 10 женки) – веќе од само едно женско куче и потомството создадено во една година имаме 120 до 200 млади, репродуктивно способни единки на улица. Од сто нестерилизирани женки, градот во една година продуцира нови од 12 000 до 20 000 единки на улица. Немањето интерес, знаење, концептисенс продуцира НАЈМАЛКУ 6 000 нови кучиња во Град Скопје за само половина година.

Анима Мунди залудно се обидува да обезбеди помош за животните, за граѓаните, за државата, кога на крај сè е законски оневозможено. Ова треба да го знаат сите оние кои бараат виновник зошто со децении не е решен проблемот со бездомните кучиња. И сите оние кои веруваа во ветувањата дека нешто на добро ќе се промени. Бараме одговорност!