вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Анѓушев со нов гаф

Анѓушев со нов гаф

Овој човек е “Феномен” на македонската политичка сцена!

Вицепремиерот Кочо Аѓнушев со нов политички гаф!
Тој одговарајќи денес на новинарско прашање поврзано со најновите официјалните податоци за реализација на Буџетот објавени од страна на Министерството за финансии во кои стои дека реализацијата на капиталните инвестиции во првото полугодие од 2019 година се 20%, што значи рекордно најниски, кажа дека ТОА НЕ Е ТОЧНО.
Со тоа де факто тој го негира самото Министерство за финансии како институција која токму тој како вицепремиер за економски прашања ја координира!

Да не заборавиме дека овој човек ја убедуваше јавноста дека македонската економија одела напред во услови кога стапката на раст беше 0%.

Овој човек манипулираше со официјалните податоци и методологија на НБРМ за СДИ за да прикаже наводно рекордни странски инвестиции во услови кога тоа беше резултат на реинвестирана добивка на компаниите кои веќе долги години работат во земјата.

Овој човек измисли сопствена методологија за агрегирање на квартални стапки на раст со цел да манипулира дека економијата растела со фамозни 5% во услови кога оваа неспособна Влада предводена токму од него и Заев со сите популистички политики и расипнички трошења на народните пари нема капацитет да обезбеди реален раст поголем од 1.5%.

Овој човек манипулира дека биле креирани нови 50.000 вработени во услови кога младите масовно се иселуваат од државата, а приватниот сектор

Овој човек ќе проба утре да не убеди дека имаме животен стандард како оној на Германците или Швајцарците, ова го објави Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус