понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Анѓушев обвинува дека возовите се неисправни, а не превзема ништо: Дали свесно се намалува вредноста додека се најавува приватизација?

Анѓушев обвинува дека возовите се неисправни, а не превзема ништо: Дали свесно се намалува вредноста додека се најавува приватизација?

„Од шест гарнитури кои се дојдени во Кина, за патнички сообраќај, половината се веќе неисправни. Договорите се такви, тие да треба да се одржуваат во Кина. Јавноста треба да знае дека тие не се ни технички примени“.

Ова го истакнува вицепремиерот Кочо Анѓушев, во интервју за Сител телевизија.

-Убаво е што се возевме, убаво е што ги видовме, но не се технички примени затоа што не ги задоволуваат условите по договорот и за тоа си има постапки кои ги водат институциите. Што се однесува за договорот за локомотивите, требаше да дојдат четири од Кина. Првата требаше да биде тука во јануари 2018-та година, а тек сега пристигна, вели Анѓушев.

Вицепремиерот кој на оваа функција е повеќе од половина мандат, сега треба да одговори: Зошто ако половина од гарнитурите не работат, истите не се сервисирани или однесени на поправка?

Актуелната власт свесна дека има проблеми, седи со скрстени раце и не ги носи на технички преглед ниту во Македонија, ниту во Кина.

Едно е сигурно, со ваква негрижа која ја покажува актуелната Влада за возовите, драстично се губи вредноста. Намалена вредност, секако, значи и намалување на цената при евентуална продажба или пренесување на надлежностите.

Таман се јави ваквата дилема, вицепремиерот спомнува приватизација на Железницата. Од таму се јави уште поголем сомнеж дека целта на свесното обезвреднување на возниот парк е намалување на вредноста при евентуална приватизација.

Анѓушев посочи дека Македонски Железници е во тешка и незавидна финансиска состојба со долг од 80 милиони евра, не сметајќи ги тука каматите.

-Нови набавки во железницата не треба да има затоа што Железницата, ние мора отворено да кажеме, е во состојба да има над 80 милиони евра долгови без камати. Железницата е во многу тешка состојба која што е наследена и предизвикана од ваквите потези, мислам дека таквите информации со јавноста треба да бидат споделени и јас ги споделувам. Излезно решение во Железницата, ние го најавивме веќе, е во делот на Транспортот. треба да оди во приватизација. Треба да се најде оператор кој што тоа соодветно ќе го прави пред се обезбедувајќи нови ликвидни средства. Ако сакаме Железницата да ги задоволи стандардите и условите, ќе треба да се инвестираат 50 милиони евра, рече Анѓушев.