четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Анѓушев: Не може да се преживее со минималната плата

Анѓушев: Не може да се преживее со минималната плата

Вице премиерот Кочо Анѓушев вечерва гостуваше во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24 каде истакна дека со минималната плата се штитат луѓето што немаат алтернатива. Тој кажа дека не треба да се има илузија дека може да се преживее со минималната плата.

Инаку, владата се фалеше дека со зголемување на минималната плата ги враќа парите кај граѓаните и дека им помага но според првиот човек на економскиот тим на владата Анѓушев не може да се преживее со таа сума . Анѓушев кажа дека ниту еден сопственик не вработува работници под оваа сума.

Иако изјавите на вице премиерот се убедливи сепак во јавноста излезе информација дека бизнисменот, стопанственик и моментално вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, вработува од огласот што е објавен преку Агенцијата за вработување на 26.07.2018 година, магационер кој би работел на определено време за минимална плата од 12 илјади денари со полно работно време од 8-16 часот.

Ако за Кочо Анѓушев ова што тој го нуди како плата е добар пример за успешна економската политика тогаш што преостанува за другите приватни сопственици и што станува со изјавите дека не може да се преживее со минималната плата од 14.500 додека на 26.07.2018 година истиот тој вице премиер дава оглас за магазионер кој би работел за 12.000 денари.