сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 94
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Анѓушев и ФЕРО ИНВЕСТ ДОО демантираат дека добиле 1,6 милиони евра од Шеќеринска

Анѓушев и ФЕРО ИНВЕСТ ДОО демантираат дека добиле 1,6 милиони евра од Шеќеринска

Во продолжение ви го пренесуваме целосниот демант (од збор до збор) на Кочо Анѓушев за објавена вест, целосно преземена од друг медиум. Во демантот стои:

ДЕМАНТ од Друштвото ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев во врска со објавената вест ”1.600.000 евра: Шеќеринска и Анѓушев си поделиле милонска “”бонбона” за Нова Година”

Друштвото ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев категорично ги отфрла ваквите наводи како невистинити и тендициозни, со цел нарушување на угледот и честа на компанијата и нејзините сопственици. Во текст објавен на 15.01.2020 со наслов ”1.600.000 евра: Шеќеринска и Анѓушев си поделиле милонска “”бонбона” за Нова Година”, во Вашиот медиум објавена е неточна и тендициозна информација поврзана со договор за јавна набавка со Министерство за одбрана и компанијата ЕДС и поврзаноста на Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев како сопственик на ЕДС. Уште од 2018 година компанијата ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев ги имаат продадено своите удели во компанијата ЕДС и предадено целосна контрола врз фирмата на новите сопственици во јавана и транспарентна постпапка за која беа запознаени медиумите и пошироката јавност. Повеќе од 1 година и 6 месеци Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев нема никаков удел ниту во работењето ниту во одлучувањето во компанијата ЕДС.
Бараме од вас како медиум целосно објавување на демантот во спротивно ќе бидеме приморани да ги преземеме сите законски мерки со цел заштита на угледот на компанијата и нејзините сопственици.

Коронавирус