четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Анѓушев го напушта бродот кој тоне и не сака да се појави пред неговите сограѓани

Анѓушев го напушта бродот кој тоне и не сака да се појави пред неговите сограѓани

На трибината која се одржа вечерва во Велес не присуствуваше вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Не било ништо чудно доколку не станува збор за родниот град на Анѓушев, па оттука се наметнува прашањето дали вицепремиерот порано од најавеното ќе ја напушти функцијата.

Инаку, Анѓушев најави дека од 3 јануари си заминува од Владата, бидејќи како што истакна, неговата вклученост во власта влијаело на успешноста на неговите фирми.

Претходно антикорупциска не поведе иницијатива за кривична одговорност на Кочо Анѓушев, туку му остави на премиерот Заев тој да побара одговорност од него. Вицепремиерот по донесувањето на одлуката на Антикорупциска експресно реагираше и испрати соопштение во кое наведе дека со неговите активности не биле прекршени законите и дека се изземал од постапката. Но, сепак не наведе во која фаза од носењето на владините одлуки било неговото изземање.

Првата антикорупционерка Билјана Ивановска и за 360 степени повтори дека единствено изјава за изземање има само за првата фаза од целата постапка кога било поднесено барање за укинување на акцизите. Но откако ова барање не помина, во втората фаза Анѓушев има средба со полски инвеститор по кое иницијативата стигнува на владина седница. Единствено против ова бил министерот за финансии Драган Тевдовски по што во јавноста имаше гласини дека Анѓушев влегол во конфликт со него и честопати се карал на владините седници.

„Предлог одлуката на Министерството за економија доаѓа на седница на Влада. Побаравме записник и ги побаравме стенограмите. Во записникот стои дека вицепремиерот присуствувал на седницата а од стенограмите гледаме дека тој учествувал во расправата и укажувал на кој начин треба Министерството за економија да ја поправи одлуката за да биде во согласност со барањата кои ги дава Министерството за финансии.“, вели Ивановска.