вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 61
home Вести

Ангеловски: Заев ќе ја фрли цела државата во оган, “хитлеровски“ ќе ја разнебити државата, за да не останат институции пред кои ќе треба да одговара

Ангеловски: Заев ќе ја фрли цела државата во оган, “хитлеровски“ ќе ја разнебити државата, за да не останат институции пред кои ќе треба да одговара

Претседателот на МААК Страшо Ангеловски вечерва на Алфа телевизија, во „Што не е јасно“ истакна дека револт во СДСМ има голем, Македонија станува неподнослива приказна, а Заев помалку „хитлеровски“ ќе ја разнебити до крај целата државата за да не останат институции пред кои ќе треба да одговара за сето зло кое и е нанесено на државата во последните четири години.

-Во СДСМ се случува прочистување, се случува еден вид на мислења дека името се даде бадијала, но она што се случува со Македонија е една неподнослива приказна, што дел од членството на СДСМ го сфати тоа и не дозволува ерозија на сопствената партија, но вината која што ја имаат спрема државата тешко дека ќе можат да ја избришат некогаш, вели Ангеловски.

Тој вели дека се поголемо е незадоволството во СДСМ, како и тоа дека има бунтови во самата партија и се повеќе луѓе се спротивставуваат на одлуките на Заев.

-Промените кои се случуваат во партијата која го нанесе сето зло кое и се случи на Македонија овие четири години, веројатно ќе резултира и со промени во државата, вели Ангеловски.
Ангеловски посочи дека стравува дека Заев ќе ја фрли во оган до крај целата државата за да ја разнебити, се случува грабеж и и арогантно однесување од невидени размери, сведоци сме на непотизам од невидени размери, на корупција, на криминал и на дрога и секој нормален човек би требало да знае дека за тоа ќе има одговорност, затоа Заев како да навестува дека ќе се однесува „Хитлеровски“, за да жртвува се, за да не останат институции, ниту да остане држава со институции пред кои ќе треба да одговара, вели Ангеловски.

ЕУРО 2020

Македонија