вторник, 2. март 2021. Вести денес: 3
home Вести

Ангеловски:Власта се однесува многу арогантно со македонскиот народ кој ги почитува традицијата, верата, името и татковината

Ангеловски:Власта се однесува многу арогантно со македонскиот народ кој ги почитува традицијата, верата, името и татковината

Страшо Ангеловски, лидер на МААК во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за владата каде потенцираше дека многу арогантно се однесува кон македонскиот народ кој не се согласува со нив односно со оние кои ги почитуваат традицијата, верата,името, татковината.

-Оваа влада за мене се безначајни затоа што присуствуваме на еден момент кога ароганцијата ја живеат неспособните, а арогантните ја живеат неспособноста. Тоа би била најкусата дефиниција за овој социјал демократски сојуз и вие гледате дека таа ароганција која ја прикажуваа врз македонскиот народ особено врз оној дел од оној македонски народ кој не се согласува со нив и врз оној дел од македонскиот народ кој ги почитува традициите, верата, името, татковината односно почитува се што треба да е почитува. Токму врз нив се изживуваат и ја тренираат нивната ароганција и за жал ја вежбаат својата неспосбност, рече Ангеловски во своето гостување.

Ангеловски во своето гостување дополни дека дека токму таа ароганција од власта води до пропаст.

-Еве еден министер рече оној кој нема пари за патарини за новиот пат Штип нека оди по некои патчиња, наместо тој да најде начин како луѓето да имаат пари да ја платат патарини.Наместо нивната заложба да биде да нема патарини или доколку има да направат напор како луѓето да заработат пари за да можат да ги платат патарините тој едноставно вели нека си најдат некои црни патишта и нека се движат. Знае ли тој дека 80% од ова населението нема пари за да ги плаќа нивните прескапи патарини, за да тој може да зема 1000-1500 евра плата. Друга министерка рече дека тоа се големи пари и дека луѓето ќе можат во два месеци да купат 2 килограми месо, да го зготват и да си поминат убаво. Тоа е таа ароганција, и таа ароганција води кон проапст, доаде Ангеловски.

Коронавирус